Top Sport

Тим на четврт-финалето на ЕУРО 2020 – Англичаните „доминираат“

Англичаните имаат тројца играчи во тимот на четврт-финалето на ЕУРО 2020, покажувајќи дека „трите лава“ со право се сметаат за фаворити за прва европска титула во историјата, и само втор трофеј во историјата на Англија, по Светското првенство во 2019.

Во одбраната, најмногу импресионираше двоецот на Манчестер јунајтед, Лук Шо (8.2) и Хери Мегваер (8.0), а друштво им прават веќе елиминарите – Белгиецот Томас Вермален (7.8) и Чехот Владимир Цоуфал (7.9). Исто така, на голот е неверојатниот швајцарски голман Јан Зомер со најдобра вкупа оценка од 9.4.

Шпанците го предводат средниот ред со капитенот Серхио Бускетс (7.8) и неговиот соиграч од Барса, младиот Педри (исто така 7.8), а тука е и креаторот на победата на Италија, Николо Барела (8.3).

Џердан Шаќири добива 8.2 оценка, Лоренцо Инсиње 8.6, додека англискиот капитен, Хери Кејн е оценет со одлични 8.9.

Графика: Sofascore за Топспорт.мк

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');