УЕФА го одби барањето на градоначалникот на Минхен, Дитер Рајтер и на Германската фудбалска федерација (ДФБ), стадионот „Алијанц арена“ да биде обоен во боите на виножитото во знак на поддршка на ЛГБТ-заедницата во Унгарија пред последниот меч од групната фаза помеѓу Германија и Унгарија.
УЕФА, претходно дозволи германскиот капитен Мануел Ноер да носи лента во боите на виножитото, но вели дека одлуката на организаторите во Минхен е политичка и затоа не смее да биде дозволена. УЕФА смета дека се работи за директен политички одговор на новодонесените закони во Унгарија за ограничување на ЛГБТ-содржини на малолетници.
„Расимот, хомофобијата, сексизмот и сите форми на дискриминација се дамка на нашите општества и претставуваат еден од најголемите проблеми на денешниот фудбал. Ова фрла дамка на дел од натпреварите и на онлајн дискусијата за фудбалот. Меѓутоа, УЕФА, преку своите статути е политички и религиозно неутрална организација. Поради политичкиот контекст на ова барање, односно порака до Унгарскиот национален парламент, УЕФА мора да го отфрли ова барање“, се вели во објавата на УЕФА.
Минхен сака да ја обои „Алијанц арената“ во боите на виножитoто за инает на Унгарците
УЕФА се откажа од постапка против Ноер за лентата со боите на виножитото