Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид, Холанѓанецот Рафаел ван дер Варт вели дека неговите критики кон шпанската репрезентација, очигледно, биле голема мотивација за „фуријата“ по 5:0 победата над Словачка.
Ван дер Варт предизвика лути реакции во Шпанија, откако по првите две ремија на тимот на Луис Енрике изјави дека тие играат „ужасен фудбал“ во кој само си ја додаваат топката од едната страна на теренот до другата страна.
На ова му одговори Коке, кој изјави дека Ван дер Варт уште го „боли“ поразот во финалето на СП во 2010, но и Серхио Бускетс, кој изјави дека би можел да го „посрамоти“ Холанѓанецот за некои дуели во нивната кариера но нема да го направи тоа.
Сега, Ван дер Варт, кој работи како коментатор за холандската ТВ „НОС“, се јави преку Твитер со порака за смирување.
„Изгледа моите зборови служеа како мотивација за Шпанија. Добар меч вечерва, честитки за осминафиналето“, напиша Ван дер Варт.
Looks like my words worked as motivation for @SeFutbol ? Good game tonight, congrats on reaching the knockouts ?
— Rafael van der Vaart (@rafvdvaart) June 23, 2021
Коке со брутален одговор за Ван дер Варт: Очигледно уште не ја заборавил 2010