Top Sport

Заврши ЕУРО за Беседин по крвничкиот старт на Даниелсон

Артем Беседин, 25-годишниот напаѓач на селекцијата на Украина е жртва на најбруталниот старт на ЕУРО 2020. Тој заработи тешка повреда на синоќешниот последен осминафинален меч против Шведска што Украинците го добија со гол во 121 минута.

По регуларните 90 минути беше 1-1, па се играа продолженија двапати по 15 минути.

Се играше 98 минута кога шведскиот дефанзивец невнимателно налета на топката, прв стигна до неа, но крампоните од копачката завршија во коленото на несреќниот украински фудбалер.

Судијата Даниеле Орсато на Швеѓанецот му покажа жолт картон, но по ВАР асистенција, ја смени одлуката и Даниелсон го испрати во соблекувалната.

Беседин кој во игра влезе 8 минути пред стартот мораше да биде заменет. Денеска од украинскиот ФС објави дека првите прегледи покажале дека тој има повреди на неколку мускули на ногата, а има оштетување и на лигаментите на коленото.

Се работи за една од потешките фудбалски повреди, па освен тоа што ЕП ја Беседин е завршено, за очекување е тој да биде на неколкумесечна рехабилитација.

Scroll to Top