Жозе Мурињо ќе добие голем бонус доколку до крајот на сезоната успеа со Тотенхем да избори пласман во Лигата на шампионите. Тотенхем по 12 рунди во Премиер лигата се наоѓаат на 14 место на табелата, а од четвртото место се оддалечени 11 бода.
Португалецот ќе дебитира на клупата на Тотенхем утре против Вест Хем (13.30 часот), а пота го очекува и натпреварот со Олимпијакос во Лигата на шампионите.
„Ќе ви бидам другар, девојка, што и да сакате, само почнете да победувате. Ништи не е изгубено, не можеме оваа година да бидеме шампиони, ќе бидеме наредната“, ги пренесува зборовите со кои Мурињо им се обратил на фудбалери на првиот тренинг португалскиот весник „Рекорд“.
Доколку успеа во својата мисија и избори пласман во Лигата на шампионите Мурињо ќе добие бонус од 2,25 милиони евра.
До крајот на годината Тотенхем имаат релативно поволен распоред. По дуелите со Вест Хем и Олимпијакос ќе играат дома со Борнмут и во гости со Манчестер Јунајтед.
Во декември пред Спарс се дуелите со Баерн во Минхен, во Лигата на шампионите, односно со Барнли и Челси (дома), односно Вулверхемптон (гости).