Top Sport

138 пораз по ред за најлошата репрезентација во светот

Сан Марино ја продолжи најдолгата серија без победа во историјата на фудбалот. Репрезентацијата од Апенинскиот полуостров беше поразена од Сент Китс и Невис во пријателскиот натпревар во Серавале со резултат 1:3.

Филипо Берарди го доведе Сан Марино во водство во 21. минута од пенал, но гостите од островската држава на Карибите направија пресврт со головите на Тикан Терел во 31. минута, Андре Бурли во 45. минута и Хари Панајоту во 49. минута.

Сан Марино е последната, 210. репрезентација на ФИФА листата, додека Сент Китс и Невис е на 147. место.

Сан Марино не успеа да ја прекине неверојатната серија. Ова беше негов 138. натпревар без победа, а последен пат славеше против Лихтенштајн (1:0) во април 2004 година. Значи, пред речиси 20 години.

Охрабрувачки за Сан Марино, во кој настапуваат голем број непрофесионални фудбалери, што ова беше четвртиот последовен натпревар на кој постигнаа гол.

Најлошата репрезентација на светот, претходно постигна гол против Данска (1:2), Казахстан (1:3) и Финска (1:2) во квалификациите за ЕП.

Scroll to Top