Јувентус се мачат да постигнат договор со Пауло Дибала со кој Аргентинецот би останал во Торино, откако тој и неговиот агент бараат преголема плата во ситуација во која италијанскиот гигант не е толку финансиски моќен.
Договорот на Дибала завршува во текот на летото 2022 година, а Јуве сакаат да го продолжат барем до 2024 година, но според „Калчомеркато“, тој бара за 5.5 милиони евра повеќе од сезона од сегашниот договор, нешто што во Торино не се подготвени да го платат. Со ова зголемување, тој би земал околу 15 милиони евра по сезона и би бил вториот најплатен фудбалер во Италија по Кристијано Роналдо, кој зема астрономски 30 милиони евра.
Јувентус минатото лето беше подоготвен да го продаде Дибала во Премиер лигата, но тој одби таков трансфер, а се верува дека Реал Мадрид се заинтересирани за „Ла хоја“, кој е во Јуве од 2015 година. Според „Калчомеркато“, Јуве се подготвени за договор со Реал, но само ако ги добијат Винисиус Жуниор и Иско во амена.