Украинскиот клуб Шахтјор Доњецк ќе донира 25 милиони долари од трансферната сума за Михаило Мудрик, која ќе ја добие од Челси, на борците и оние кои досега се бореа во војната против Русија. Офанзивецот вчера ја финализираше преселбата во лондонскиот тим за 80 милиони евра, плус 20 милиони во бонуси.
„Го основаме проектот „Срцето на Азовстал“, кој конкретно треба да им помогне на бранителите на Мариупол, загинатите и нивните семејства“, најави претседателот на украинскиот клуб Ринат Ахметов.
„Ќе обезбедам 25 милиони долари од трансферот за да им помогнам. Парите ќе бидат наменети за медицински потреби и за психолошка помош на оние на кои им е потребна“, истакна првиот човек на Шахтјор.