Top Sport

Анчелоти: Ја подаривме победата на Барселона

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, призна дека неговиот тим не е во најдобар момент откако загуби од Барселона со 3:1 во финалето на Суперкупот на Шпанија што се одигра во Ријад. Претходно „кралевите“ загубија и од Вилјареал со 1:2 во Ла Лига.

„Направивме многу грешки во одбраната и едноставно му ја подаривме победата на противникот. Првите два гола беа недозволиви. Се наоѓаме во тешка фаза, но мора да работиме на исправање на грешките. Ќе се вратиме!“, изјави Анчелоти по средбата во Ријад.

Стратегот на Реал Мадрид вели дека Реал Мадрид потфрлил на средината на теренот.

„Не смееме да примаме такви голови и треба да играме тимски. Мора да бидеме многу поцврсти во средниот ред, затоа што ги загубивме речиси сите дуели. Треба сега да излеземе самоуверени на следниот натпревар и да победиме“, заврши Анчелоти.

Scroll to Top