Селекторот на Германија, Јоаким Лев, има најголема плата меѓу колегите што ќе ги предводат своите репрезентации на 21.Светско првенство во фудбал.
Предводникот на актуелниот светски шампион, годишно заработува 3,8 милиони евра. Платата на Лев е 19 поголема од плата на селекторот на Сенегал Алиу Сисе.
Лев веќе 12 години ја предводи Германија, неодамна го продолжи договорот до 2020 година, а круна на неговата работа беше титулата на претходниот Мундијал во Бразил.
Со Лев како селекторот Германија го освои и третото место на СП во 2010 година, во Јужна Африка, а го има освоено и второто на Европското првенство во 2008 година, додека на континенталните првенства во 2012 и 2016 година Германците стигнувале до полу-финалето.
Покрај Лев меѓу нај платените селектори на ова светско првенство се Дидие Дешам (Франција), Тите (Бразил), Хулен Лопетеги (Шпанија) и Станислав Черчесов (Русија).
Платите на селекторите:
1. Јоаким Лев (Германија) – 3,8 милиони евра
2. Дидие Дешам (Франција), Тите (Бразил) – 3,6
4. Хулен Лопетеги (Шпанија) – 2,9
5. Станислав Черчесов (Русија) – 2,5
6. Фернандо Сантос (Португалија) – 2,2
7. Герет Саутгејт (Англија), Карлос Кеирош (Иран) – 1,9
9. Хорхе Сампаоли (Аргентина) – 1,8
10. Оскар Табарез (Уругвај) – 1,7
11. Хозе Пекерман (Колумбија), Хектор Купер (Египет) – 1,5
13. Хуан Пици (Саудиска Арабија) – 1,4
14. Берт ван Марвајк (Австралија) – 1,2
15. Рикардо Гарека (Перу) – 1,1
16. Хуан Осорио (Мексико) – 1
17. Роберто Мартинез (Белгија, Акира Нашино (Јапонија), Аге Аге Хареиде (Данска) – 900.000 евра
20. Владимир Петковиќ (Швајцарија) – 850.000
21. Ерве Ренар (Мароко) – 780.000
22. Хеимир Халгримсон (Исланд) – 690.000
23. Златко Далиќ (Хрватска) – 550.000
24. Гернот Рор (Нигерија) – 500.000
25. Јане Андерсон (Шведска), Шин Тае-јонг (Јужна Кореја) – 450.000
27. Херман Гомез (Панама) – 400.000
28. Оскар Рамирез (Костарика), Набил Малуни (Тунис) – 350.000
30. Младен Крстајиќ (Србија) – 300.000
31. Адам Навалка (Полска) – 270.000
32. Алиу Сисе (Сенегал) – 200.000