Top Sport

35 дена ќе се игра фудбал во Ла Лига

Претседателот на Ла Лига Хавиер Тевбас рекол дека постои минимален ризик сезоната во Шпанија да не продолжи. Ла Лига беше прекината на 11 март. Играчите минатата недела започнаа со индивидуални тренинзи. Тебас рекол дека ќе се почитуваат сите медицински протоколи.

„Од денот кога ќе се вратиме па во наредните 35 дена ќе има фудбал секој ден. Доколку сите ги почитуваме санитарните прописи мислам дека нема да имаме проблеми. Никој не знае кога ќе почнеме, се зависи од ситуацијата бидејќи вирусот и понатаму е присутен. Доколку е можно да почнеме на 12 јуни тоа би било добро, тоа ќе функционира“, рекол Тебас и дополнил.

„Ќе играме без публика но планираме нови идеи и иницијативи за да им овозможиме на навивачите да уживаат во своите домови. Здравствените вторитети треба да одобрат, а ние имаме обврска да им се вратиме на економските активности по претрпената штета“.

До карајот на сезоната во Ла лига останаа уште 11 кола.

Scroll to Top