Top Sport

38-годишниот голман Роб Грин донесе победа за Челси! (видео)

Челси на пенали беше подобар од Лион на „Стемфорд бриџ“, откако мечот од Интернационалниот куп на шампиони (ИЦЦ) заврши без голови по 90 минути игра.

Човек на одлука за „сините“ беше едно од новите „засилувања“ за тимот на Маурицио Сари, 38-годишниот голман Роб Грин, кој дебитираше пред домашната публика и кој го одбрани петтиот пенал на Лион на Диоп, по што повратникот во тимот Еден Азар беше сигурен за победа на пенали.

Грин беше на голот на Челси бидејќи нивниот прв голман Тибо Куртоа „штрајкува“ и останува во Белгија во обид да примора трансфер во Реал Мадрид.

Ова беше последен подготвителен меч за Челси, и прв за Сари на „Стемфорд бриџ“ пред стартот на Премиер лигата на гости кај Хадерсфилд во сабота.

Scroll to Top