Top Sport

Кармело Ентони се договорил со Хјустон

Крилниот играч Кармело Ентони ќе биде нов играч на НБА франшизата Хјустон Рокетс. Мело и Хјустон ќе го потпишат договорот кога играчот ќе се врати од одморот во Африка.

Ентони минатата сезона настапуваше за Оклахома Тандер, каде направи трејд од Њујорк Никс. Сезоната мината во Оклахома е најслаба во неговата кариера.

Во јуни, Ентони, беше испратен од Оклахома во Атланта во замена за Денис Шрудер. Меѓутоа Атланта го откупи неговиот договор и тој стана слободен играч.

Доколку останеше во Атланта тој требаше да добие 28 милиони долари за една година, а според прогнозите истите пари ќе ги добие од Хјустон.

Ентони во Хјустон ќе им се приклучи на својот поранешен тренер Мајк Д’Ентони и добриот пријател Крис Пол.

Scroll to Top