Top Sport

Пирло се врќа во италијанската репрезентација

Андреа Пирло, прославениот италијански фудбалер, се враќа во италијанската репрезентација и тоа како помошник на селекторот Роберто Манчини.

Како што објави агенцијата „Анса“, поранешниот фудбалер на Интер, Милан и Јувентус, ги привршува преговорите со Фудбалскиот сојуз на италија за да му се приклучи на Манчини во неговиот стручен штаб.

Пирло, кариерата ја заврши минатата година во дресот на Њујорк сити и веднаш започна да се занимава со тренерската работа.

Андреа Пирло во кариерата одиграл 116 натпревари за италијанската репрезентација со која стана светски првак во 2006 година.

Со Милан два пати триумфирал во Лигата на шампионите, а со Милан и Јувентус шест пат бил шампион на Италија.

Scroll to Top