Top Sport

Мурињо: Побарав петмина, нема да добијам ниту еден

Менаџерот на Манчестер јунајтед, Жозе Мурињо, изјавил дека на неговиот тим му се неопходни уште две засилувања во пресрет на новата сезона.

„Црвените ѓаволи“, во саботата, загубија од Ливерпул 1:4, во пријателски меч во САД, меѓутоа Португалецот не е загрижен од убедливиот пораз.

„Ништо не добивме од овој натпревар. Ова не е мој тим, немав пола од играчите, а пола од тие што играа нема да бидат во клубот до крајот на преодниот рок. Дури и пристојно делувавме со овие деца. Ова не зборувам бидејќи ни се потребни засилувања, засилувања за нас ќе бидат Погба, Матиќ, Лигард и останатите…“, рекол Мурињо.

Португалецот потоа проговорил и за новата сезона, истакнувајќи дека раководството знае кои се неговите желби.

„Сакам двајца нови играчи, но мислам дека нема да ги добијам. Листата ја предадов уште пред неколку месеци, можеби ќе добијам само еден. Доколку не се случи тоа ќе продолжиме да се бориме и да веруваме во играчите кои ги имаме во тимот“, дополнил Мурињо.

Scroll to Top