Top Sport

4-4-2: Фернандеш е најдобриот играч од редот за врска

Англискиот 4-4-2, предизвика реакции во јавноста со изборот на десетте најдобри играчи од редот за врска.

Според овој магазин, во моментов, најдобар играч од редот за врска во светот е Португалецот, Бруно Фернандеш. Веднаш зад фудбалерот на Манчестер јунајтед се Кевин Де Брујне од Манчестер сити и Жоргињо од Челси.

Во Топ 5 се и Пол Погба соиграчот на Фернандеш и Марко Верати од ПСЖ.

4-4-2, во Топ 10 ги стави и Џошуа Кимих (Баерн Минхен), Нголо Канте (Челси), Илкај Гундоган (Манчестер сити), Леон Горецка (Баерн Минхен) и Маркос Љоренте (Атлетико Мадрид).

Scroll to Top