Top Sport

Тадиќ урна рекорд стар 47 години

Ајакс, синоќа, ја декласира Фортуна со 5:0. Играчите на Ајакс се наоѓаат во неверојатна форма, на пет од последните осум натпревари постигнувале најмалку по пет голови. Ајакс, во последните шест дена, одигра три натпревари, на кои постигна 19 голови.

Душан Тадиќ, ја предводи оваа генерација на Ајакс. Српскиот репрезентативец постигнал четири гола и забележал пет асистенции, на последните осум натпревари.

Синоќа, го постигна третиот и асистираше за четвртиот гол и петтиот гол. Тадиќ со овие две асистенции влезе во историјата на холандскиот фудбал, како најдобар асистент.

Претходниот рекорд од 1974 година (1010 асистенција), беше во сопственост на легендарниот фудбалер на Ајакс, Пиет Кеизер. Тој во периодот од 1961 до 1974 година одиграл 365 натпревар.

Тадиќ, настапувајќи за Гронинген, Твенте и Ајакс дојде до бројката од 102 асистенции.

Ајакс во 2018 година на Саутемптон и платија 13,7 милиони фунти. Има одиграно 157 натпревари, постигнал 80 голови и забележал 75 асистенции.

Scroll to Top