Top Sport

Џејмс Гист има нов клуб

Американецот Џејмс Гист, кариерата ќе ја продолжи во Франција. „Спортандо“, објави дека тој договорил соработка со Асвел од Вилербан.

Гист минатата сезона ја мина во Баерн Минхен. Со Баварците дојде до четврт-финалето, кое со 3:2 во победи го доби Милано. Гисто, во Евролигата, имаше просек од 5,6 поени по натпревар.

Овој крилен-центар, најдолго во кариерата се задржал во Панатинаикос, може да се пофали дека е еден од ретките кошаркари што го носеле дресот на големите ривали од Белград, Партизан и Црвена звезда.

Scroll to Top