Во една од најбизарните случки во Лигата на шампионите оваа сезона, „несреќникот“ е фудбалерот на Наполи, Пјотр Зиелински, кој успеа двапати да промаши „ист“ пенал и да остави резултатот Ренџерс-Наполи на 0:0.
Во 55. минута, на Наполи им беше досуден очигледен пенал, и обидот на Зиелински заврши во рацете на 40-годишниот голман Алан Мекгрегор, кој не успеа да ја заддржи топката, и Политано ја смести во мрежата. Меѓутоа, судијата реши да го повтори пеналот поради предвременото влегуваање на Политано во шестнаесетникот, и Зиелински повторно застана на белата точка. И овојпат, Мекгрегор се покажа како подобар!
Zielinski will take the penalty again #RANNAP pic.twitter.com/Ca2nlesJnN
— Andrzej Knigawka (@BrainAshPowder) September 14, 2022
… and Zielinski fails to convert penalty again…#RANNAP pic.twitter.com/u5YuH7mHBe
— Andrzej Knigawka (@BrainAshPowder) September 14, 2022