Top Sport

Јунајтед ќе плати 60 милиони евра за Ким

Ким Мин-јае (26) ќе го напушти Наполи и ќе замине во Манчестер Јунајтед, тврди британскиот таблоид „Сан“. Според овој извор, јужнокорејскиот дефанзивец е примарна цел на менаџерот на Јунајтед, Ерик Тен Хаг, во летниот преоден рок.

Ким, минатото лето од Фенербахче, за сума од 18 милиони евра се пресели во градот под Везув. Во сезоната која полека завршува, со Наполи ја освои шампионската титула. Ким беше еден од најважните играчи во тимот на Лучано Спалети, во походот кон првото скудето по пауза од 33 години.

„Сан“ пишува дека трансферот е „практично завршен“, додека италијанскиот „Ил Матино“ објави дека Ким се подготвува за заминување.

Ким во Јунајтед би требало да има годишна плата од девет милиони евра. За да го донесе на „Олд Трафорд“, Манчестер Јунајтед ќе мора да ја активира излезната клаузула на Ким, односно да му плати на Наполи 60 милиони евра.

Неговиот актуелен договор со Наполи е до 2025 година со опција за продолжување на уште две сезони.

„Трансфермаркт“, го цени на 50 милиони евра и моментално важи за еден од најдобрите дефанзивци во светот.

Scroll to Top