Top Sport

Јувентус нема да му понуди нов договор на Ди Марија

Анхел Ди Марија (35) би можел да го напушти Јувентус на крајот од сезоната кога ќе му заврши договорот. Аргентинецот сака да остане, меѓутоа по елиминацијата од Лига Европа, челниците на Јувентус имаат поинакви планови.

Наводно, во Јувентус не се задоволни од игрите на Аргентинецот, особено од ноншалантноста на теренот и покрај тоа што е еден од најдобрите играчи на клубот оваа сезона.

Ди Марија минатото лето бесплатно пристигна во Јувентус од ПСЖ и требаше да стане еден од лидерите на тимот. Сезонава одигра 37 натпревари и постигна осум гола и седум асистенции во сите натпреварувања.

Сепак, деновиве дојде до пресврт во плановите на Јувентус и сега трансфер инсајдерот, Фабрицио Романо, тврди дека разделбата е многу веројатна опција.

Ди Марија, во декември минатата година беше еден од клучните играчи на Аргентина, во походот на титлата на Светското првенство во Катар.

Scroll to Top