Фудбалерот на Манчестер сити, Давид Силва, открил дека ја разгледува опцијата да се врати на Канарските острови, откако ќе му истече договорот со англискиот шампион и во дресот на Лас Палмас да ја заврши кариерата.
Поранешниот шпански репрезентативец е врзан со договор за Манчестер сити до јуни 2020 година, кога веќе ќе има полни 35 години.
„Сакам моето дете да расте таму каде што и јас пораснав. Се надевам дека ќе ги има истите можности што ги имав јас. Доколку сака да се занимава со фудбалот ќе му помогнам. Се ќе зависи од тоа како ќе се чувствувам физички и психички. Навистина би сакал да играм во Лас Палмас“, рекол Силва.
Професионалната кариера Давид Силва ја започнал во Валенсија откаде во 2010 година се пресели во Манчестер сити. За „граѓаните“ има одиграно 349 натпревари, на кои постигнал 62 гола.