Top Sport

5.500 навивачи се уште не ја напуштиле Русија

Руското министерство за внатрешни работи објави дека, седум месеци по завршувањето на Светското првенство, околу 5.500 срански навивачи се уште не ја напуштиле државата.

Најголем дел од нив се Нигеријци (1863), а втори на оваа листа се државјани на Вијетнам (911) и Бангладеш (456) две држави чии селекции не учествуваа на СП.

Неколку илјади навивачи останале во Русија неколку недели по завршувањето на Мундијалот, но за овие 5.500 од министерството тврдат дека се имигранти.

Тие ја злоупотребиле навивачката легитимација, која на странстите државјани и овозможуваше да влезат во Русија без виза за време на СП.

Ваквите „визи“ имаа важност до 31 декември минатата година. До овој датум во Русија останале околу 12.000 навивачи. Русите очекуваа најдоцна до март да биде решен проблемот со преостанатите 5.500 навивачи. Најголем дел од нив барале политички азил, оние што нема да го добијат ќе бидат депортирани.

Scroll to Top