Top Sport

Ливерпул за плати трошат повеќе од Сити

Ливерпул вчера објавија дека изминатата финансиска година имале рекорден профит, а ден потоа медиумите открија дека клубот издвоил и рекордна сума за платите на фудбалерите.

Продажбата на Фелипе Кутињо за 140 милиони фунти и заработката од 72 милиони фунти од Лигата на шампионите му овозможиле на клубот да издвои рекордна сума на пари за платите на фудбалерите.

На „Енфилд“ за платите издвоиле 263 милиони фунти.

Инаку во Англија, играчите најмногу ги плаќаат на „Олд Трафорд“, а зад Ливерпул се Манчестер сити, Челси, Арсенал и Тотенхем.

Манчесер Јунајтед изминатата финансиска година за платите на фудбалерите издвоиле 296 милиони фунти, а зад Ливерпул следуваат Манчестер сити (260), Челси (244), Арсенал (223) и Тотенхем (160)

Scroll to Top