Top Sport

Фабрегас: Азар ќе остане во Челси

Сеск Фабрегас е убеден дека Еден Азар ќе потпише нов договор со Челси. Шпанецот и Белгиецот четири и пол години беа соиграчи на „Стенфорд Бриџ“.

Фабрегс, во зимскиот преоден рок замина од Челси во Монако, но се уште е добро информиран за случувањата во Челси. Од друга страна Азар долго време се поврзува во реал, иако во Мадрид ќе добие помала плата од она што Челси му ја нудат доколку го продолжи договорот.

„Ако самиот Азар рекол дека знае што ќе прави, тоа го изјавил бидејќи решил да остане во Челси. Нема да го напушти клубот. Тој знае дека Челси е голем клуб и дека е омилен кај навивачите на Челси. Му се допаѓа Мадрид и тоа не е тајна. Но исто така тој е среќен во Лондон. Тој е ѕвезда и капитен на тимот. Сега има 28 години и оваа одлука е важна за него“, рекол Азар.

Scroll to Top