Шпанија е на врвот на светот, но и на врвот на ранг-листата на ФИФА. На листата објавена по завршувањето на Светското првенство, репрезентацијата на Македонија го задржа 69-то место.
Дури 121,17 поени собра Шпанија на ова Светско првенство и ја престигна Аргентина на првото место на ранг-листата на ФИФА.
Шпанците сега се на првото место со 1995,88 поени, Аргентина на второто место со 1970,37.
Најголем напредок забележа Норвешка, која напредуваше за 12 позиции и сега е 19-та репрезентација во светот.
Мароко се искачи за едно место и го забележа најдобриот пласман во историјата, Мароканците сега се шести на листата.
Што се однесува до првите 10 – зад Шпанија и Аргентина, Франција остана трета, а Англија четврта.
Бразил се искачи за едно место и сега е петти, пред гореспоменатите Мароко и Португалија, коиназадуваа две позиции.
Белгија ја замени Холандија на осмото место, а со скок од четири позиции, Мексико сега е десеттиот тим во светот.
Колумбија е пред Германија, а со пад од две позиции, Хрватска е на 13-то место.
Комплатната ранг-листа на ФИФА ажурирана на 20 јули ќе ја најдете ТУКА.
