Top Sport

Ова е идеалниот тим на Светското првенство

Светската фудбалска федерација (ФИФА) ги избра 11-те најдобри играчи на Светско првенство, кое заврши во неделата со победа на Шпанија.

На листата се тројца играчи од Шпанија и Аргентина, двајца од Франција и еден од Англија, Норвешка и Парагвај.

Во одбраната се парагвајскиот голман Орландо Хил, Шпанците Марк Кукуреља и Педро Поро, Аргентинецот Лисандро Мартинез и Французинот Дајот Упамекано.

Средниот ред го сочинуваат Аргентинецот Енцо Фернандез, Шпанецот Родри и Англичанецот Џуд Белингам. Во нападот се Французинот Килијан Мбапе, Норвежанецот Ерлинг Халанд и Аргентинецот Лионел Меси.

Дали ова е и вашата најдобра 11-ка на планетарното првенство?

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');