Top Sport

А требаше да биде пријателска – Сампаоли и Емери ќе се испотепаа

Марсеј и Вилјареал вчера вечерта одиграа пријателски меч на „Велодром“, кој за малку ќе прераснеше во физичка пресметка меѓу тренерите на двата клуба, Хорхе Сампаоли и Унаи Емери во необични сцени.

На почетокот на второто полувреме, Хуан Фојт беше исфрлен од игра по вториот жолт картон, нешто што предизвика неверојатен бес кај тренерот на Вилјареал, Унаи Емери, кој ја загуби контролата и самиот доби црвен картон.

Во моментите кога судијата му покажуваше картон, Емери реши да влезе во вербална расправија со новиот тренер на Марсеј, поранешниот аргентински селектор Сампаоли. Провокацијата успеа и Сампаоли мораше да биде заддржуван за да не се случи посериозен инцидент.

На крајот, Марсеј стигна до 2:1 победа, со автоголот на Фер Нино и фантастичниот гол на Димитри Паје. Алберто Морено во 88. минута даде гол за Вилјареал, но тоа беше се што го направи шпанскиот клуб.

Scroll to Top