Top Sport

Бизарни сцени во боксерскиот ринг во Токио – француски боксер бесен по дисквалификацијата

Францускиот боксер во супер-тешка категорија, Мурад Алиев седеше на рингот речиси еден час во знак на протест откако беше дисквалификуван во борбата со Британецот Фрејзер Кларк.

Судијата го прекина мечот на 4 секунди пред крајот на втората рунда, откако Кларк доби исеченица над своето око, кое според судијата беше предизвикано од удар со главата од францускиот ривал. По ова, Алиев почна да беснее во рингот и удри една ТВ-камера, и реши да остане покрај рингот.

По разговорот со официјалните лица, тој конечно го напушти рингот, а неговиот противник Кларк му порача да не ја „уништува својата репутација“. Кларк со победата обезбеди бронзен медал.

Scroll to Top