Top Sport

Бајлс се повлече од ново финале, ќе одлучи дали ќе се натпреварува во вторник

Американската гимнастичкарка Симон Бајлс се повлече од понеделничкото финале во партер на Олимпијадата во Токио и уште нема одлучено дали ќе настапи во финалето на греда во вторник, продолжувајќи ја низата повлекувања поради менталните проблеми, одлука која предизвика многу контроверзи на Игрите.

24-годишната олимписка шампионка веќе се повлече од тимското финале и од повеќебојот, но и од неделните натпреварувања во прескок и двовисински разбој. Бајлс имаше најслаб скор во прескокот во своите олимписки настапи пред да се повлече од тимското финале на 26 јули, кога Русинките ги победија Американките.

Scroll to Top