Top Sport

Абидал бил во врска со нападнатата фудбалерка на ПСЖ?

Поранешниот фудбалер на Барселона и на француската репрезентација, Ерик Абидал ќе биде испитуван од француската полиција во случајот со нападот на ѕвездата на женскиот тим на ПСЖ, Кеира Хамрауи, која беше брутално нападната од маскирани луѓе по тимскиот ручек на 8 ноември.

Таа беше однесена во својот дом од нејзината клупска колешка, Анимата Дијало, која потоа беше уапсена со сомнеж дека таа го планирала нападот за да го преземе нејзиното место во тимот. Но, сега француските медиуми тврдат дека Абидал ќе биде вмешан во случајот наводно поради врската која ја имал со Хамрауи.

Според весникот „Ле монд“, напаѓачите и викале на 31-годишната Хамрауи: „Сакаш да спиеш со оженети мажи“ во текот на инцидентот, и додава дека еден ден по нападот, Хамрауи го повилкала Абидал, и полицијата утврдила дека нејзиниот телефон е регистриран на име на Абидал.

42-годишниот Абидал е оженет со Хајет Абидал од 2003 година и имаат пет деца заедно, а „Ле монд“ додава дека и таа ќе биде повикана како сведок.

Скандал во ПСЖ: Фудбалерка ангажирала криминалци да претепаат нејзина колешка

Scroll to Top