Top Sport

Абидал доби поддршка од претседателот на Барселона!

Ерик Абидал по сѐ изгледа ја доби првата „битка“ со Лео Меси околу влијанието во Барселона, откако по денешниот состанок со претседателот на клубот, Жосеп Марија Бартомеу, добил уверување дека неговата работа ккако спортски директор е сигурна и во знак на поддршка ќе патува заедно со него на гостувањето на „Сан Мамес“ кај Атлетик Билбао во утрешниот меч од Копа дел реј.

Абидал се најде на „мета“ на Меси откако во едно интервју ги критикуваше фудбалерите, велејќи дека немало доволно залагање под претходниот тренер Ернесто Валверде, по што Меси се јави со ретки критики за управата на клубот каде што е цела вечност, велејќи дека секој треба да си ја „понесе одговорноста“ и барајќи Абидал да ги каже имињата на тие кои правеле проблеми.

Бартомеу, кој зборувал со Меси пред состанокот со Абидал, не сакал да го отпушти техничкиот секретар на клубот и решил Французинот да остане на својата позиција. Дали со ова ќе се стабилизира малата криза која се појави во каталонскиот гигант останува да се види, или како што некои најавуваат се најавува крајот на ерата на Лео Меси во клубот и тој сериозно ќе размисли да си замине на крајот на сезоната.

Јавна караница во Барса – Меси во напад на Абидал

Францускиот клан е виновен за расколот во Барселона

Scroll to Top