Top Sport

Абидал научил нешто од расправијата со Меси

Лионел Меси во интервју за „Мундо Депротиво“ зборувал и за проблемите во Барселона. Голема прашина крена спортскиот директор Ерик Абидал кој јавни ги обвини играчите дека тие го смениле тренерот Ернесто Валверде.

Меси жестокот му одговори на Абидал порачувајќи му дека мора да ја понесе одговорноста за таа ситуација и да ги каже имињата на фудбалерите што билде дел од пучот или да престане лажно да ги обвинува.

„Во клубот постоеше проблем со комуникацијата. Односот помеѓу тренерот и играчите секогаш беше добра, но постоеја работи кои јас како поранешен фудбалер можев да ги почувствувам. Го кажав своето мислење и потоа во клубот донесовме решение да го смениме Валверде“, рекол Абидал.

„Од целата таа ситуација научив една работа, внатрешните проблеми се решаваат во соблекувалната, а не во медиумите“.

Scroll to Top