Top Sport

Ривалдо: Не го разбирам и не го одобрувам трансферот на Брајтвајт

Барселона вчера го претстави 28 годишниот Мартин Брајтвајт. Напаѓачот за кого клубот на Леганес им плати 18 милиони евра треба да биде опција плус во нападот по повредите на Луис Суарез и Усман Дембеле.

Барселона ги искористи правилата во Ла Лига кои дозволуваат трансфер надвор од преодниот рок, но само на играч од Шпанија и доколку клубот докаже дека фудбалерот за кого бараат замена нема да може да игра најмалку пет месеци.

Брајтвајт во досегашниот дел од сезоната има постигнато шест гола за Леганес. Овој трансфер не го одобрува легендарниот фудбалер на Барса, Ривалдо.

„Искрено не го разбирам трансферот ниту пак го одобрувам од повеќе причини“, рекол Ривалдо и дополнил.

„Први, бидејќи трансферот е направен надвор од преодниот рок, а покрај тоа Барселона можеше да донесе некој млад играч од Ла Масија. Не гледам причина за трансфер на овој фудбалер, за кого, со должна почит сметам дека не и е потребен на Барселона“.

Scroll to Top