Top Sport

Абрахам е најдобриот англиски стрелец во Серија А, Рома ја заврши сезоната со победа

Теми Абрахам се покажа како вистинско засилување на Рома оваа сезона, отако Англичанецот постигна два гола за да ги предводи до 0:3 победа над Торино во последното коло од Серија А, со што стигна до 17 голови, рушејќи го рекордот на Џери Хиченс од сезоната 1961/62.

Абрахам прво стрелаше во 33. минута, за девет минути подоцна од пенал да го удвои водството на тимот на Жозе Мурињо, за да го подобри рекордот на Хиченс, кој даде 16 гола за Интер пред 60 години. Абрахам исто така даде најмногу голови во своја прва сезона на „Олимпико“ по Родолфо Волк, кој постигна 21 гол во 1929/30. Точка на мечот стави Лоренцо Пелегрини во 78. минута со уште еден гол од пенал.

За Рома ова беше совршена подготовка за финалето од Конференциската лига на УЕФА, каде што следната недела во Тирана играат со холандскиот Феенорд.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Scroll to Top