Новинарот на „Скај спортс Италија“, Фабио Кареса објаснува дека поранешниот менаџер на Челси, Карло Анчелоти и газдата на клубот, рускиот милијардер Роман Абрамович имале необична комуникација за времето кога Карлето бил прв човек на „сините“.
Анчелоти беше именуван за менаџер на Челси во 2009 година, освојувајќи ја титулата во Премиерлигата и ФА купот истата сезона, пред да добие отказ во 2011 по слабата сезона 2010/11.
„Анчелоти ми кажа дека Абрамович секогаш му праќал иста СМС порака, посебно во моментите кога на клубот не му одело најдобро. Тој му праќал само знак прашалник. Карло, каков што го знаеме сите, му одговараше само со извичник“, тврди Кареса.
Пред да биде отпуштен, Анчелоти имаше трет најдобар процент на победи во Премиерлигата – 67 победи, 20 ремија и 22 порази, односно 61 отсто победи.