Top Sport

Спалети: Пред Елмас е голема иднина, тој може да го урне Милан

Наполи и Милан вечерва го играат дербито на колото во Серија А, а тренерот Лучијано Спалети во пресрет на дуелот истакна дека македонскиот репрезентативец Елиф Елмас може да одигра значајна улога. Тој мисли дека Елмас е кадарен да направи многу проблеми за одбраната на „росонерите“.

„Елмас е офанзивен играч за врска, кој може да биде и „скриен напаѓач“, фудбалер кој е одлучен кога ќе дојде во „жешката зона“ на противникот. Тој е многу интелигентно момче, кој разбира се и што е многу важно, никогаш и не го заборава. Пред него е голема иднина“, изјави Спалети.

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас е најавен во стартниот тим на Наполи за вечерашното дерби во Неапол.

Scroll to Top