Top Sport

Абрамович демантира дека барал да му се врати позајмицата кон Челси

Портпаролот на рускиот милијардер Роман Абрамович преку официјалниот веб-сајт на Челси ги демантираше вестите во англиските медиуми дека барал да му се врати долгот од 1.6 милијарди фунти кој го има клубот кон него како дел од зделката за продажбата на клубот.

Абрамович е под санкции на британската влада, која не му дозволува да добие било какви средства од продажбата на актуелниот европски шампион, и при објавата дека го продава клубот на 2 март инсистираше дека нема да бара враќање на долгот, а средствата ќе се уплатат во добротворна организација за жртвите од војната во Украина.

„Прво, ставот на господинот Абрамович околу приходите од продажбата на Челси и нивното пренасолување во добротворна организација не се сменети. Од првичнаа објава, тимот на Абрамович контактираше со претставници на Обединетите Нации и големите добротворни организации кои се задолжени со формирање на Фондација. Абрамович не е вклучен во работата, која ќе ја водата експерти со години искуство во добротворни организациии. Второ, господинот Абрамович не побарал никакво враќање на позајмицата кон клубот, ниту ја сменил цената на клубот во последен момент“, се вели во објавата на Челси.

Конзорциумот предводен од газдата на Лос Анџелес доџерс, Американецот Тод Бели останува фаворит за купување на клубот и покрај последната понуда на британскиот милијардер Сер Џим Ретклиф.

Scroll to Top