Top Sport

Раниери навива против Лестер на „Олимпико“

И покрај тоа што токму со Лестер сити го оствари најголемиот успех во тренерската кариера, кревајќи го трофејот од Премиерлигата во 2015/16, Клаудио Раниери вечерва навива против „лисиците“ и за својот омилен клуб, Рома во пресметката во полуфиналето на Конференциската лига на УЕФА.

70-годишниот Раниери е роден „Романиста“, така што не чуди што пристигна на „Олимпико“ со својата сопруга и беше поздравен од навивачите на „волчицата“.

Scroll to Top