Top Sport

Абрамович го тужи Советот на ЕУ!

Поранешниот газда на Челси, Роман Абрамович, поднел тужба пред судот на Европската Унија против Советот на ЕУ, кој му постави санкции како дел од мерките против Русија, откако во март Абрамович беше вклучен во листата на личности со замрзнати имоти и забрана за патување поради неговата улога во конфликтот во Украина.

Абрамович беше приморан да го продаде Челси откако беше санкциониран од британската влада, а продажбата за 2.5 милијарди фунти (најголема сума во историјата за еден спортски тим), беше комплетирана во понеделникот од конзорциум предводен од Американецот Тод Бели. Со ова се стави крај на 19-годишното славно владеење со лондонскиот клуб.

 

Scroll to Top