Top Sport

Еми Мартинез: Гарначо може да биде наследникот на Ди Марија

Голманот на Астон вила и на аргентинската репрезентација, Емилијано Мартинез се надева дека ѕвездата на Манчестер јунајтед, Алехандро Гарначо може да биде наследник на Анхел ди Марија во репрезентацијата.

18-годишниот Гарначо имаше импресивна сезона со Јунајтед, по што доби шанса да ги одигра последните 16 минути од пријателскиот меч со Австралија, заменувајќи го токму Ди Марија.

„Тој е скромно момче. Дојде со нас, се гледа дека работи, но не зборува многу. Сака да игра и мислам дека е мала ѕвезда. Се надевам дека ќе го формираме во фудбалер кој ни дава многу, по примереот на Анхел ди Марија“, вели Мартинез.

Scroll to Top