Сопственикот на Челси, Роман Абрамович, решил да го продаде голманот Кепа Аризабалага поради инцидентот што го направи во финалето на Лига купот против Манчестер сити, објави „Ел Конфиденсиал“.
Кепа одби да го напушти теренот во финишот на продолженијата и местото да му го отстапи на специјалистот за пенали Вили Кабаљеро. Тој гест го разлути Сари, но и целата јавност, а многумина од поранешните играчи на Челси побараа Кепа да биде продаден.
За недисциплината Челси го казнија Кепа парично со 300.000 евра, а Сари еден меч го остави на клупата за резерви. Се врати во тимот против Фулам и беше еден од најзаслужните за победата на „сините“ од 2:1.
Сари му простил на Кепа, но тоа нема да биде случај со сопственикот на клубот, Абрамович, кој минатото лето издвои 80 милиони евра за неговиот трансфер.
Навосдно тој веќе наложил да се бара нов голман.
Кепа (24) оваа сезона во Премиер лигата на 27 натпревари бил совладан 30 пати.