Газдата на Челси, Роман Абрамович е во Лондон првпат по три години и најверојатно ќе го посети својот клуб, јавуваат британските медиуми, откако долго време не му беше дозволен во Велика Британија поради проблеми со визите.
Медиумите јавуваат дека рускиот милијардер ќе го посети тренинг-центарот во Кобам, кој го модернизираше по преземањето на клубот во 2003 и може да одгледа еден домашен меч на Челси на 20 октомври против Малме во Лигата на шампионите.
54-годишниот Абрамович се „налути“ што британците повеќе не му даваа бизнис-виза од пред три години, но сега, откако доби и израелски пасош, нему не му е потребна виза за влез во Велика Британија.
Абрамович претходно беше во финалето на ЛШ против Манчестер сити во мај во Порто, Португалија, а исто така беше во Баку, Азербејџан, кога во финалето на Лига Европа во 2019 го победија Арсенал.
Постоеја стравувања дека Абрамович е подготвен да се откаже од клубот по проблемите со визата и по откажувањето на проектот за редизајнирање на „Стемфорд Бриџ“ од милијарда фунти, но тој ја покажа посветеноста откако им даде буџет од над 300 милиони фунти во последните два летни преодни рокови за засилувања.