Top Sport

Абрамович подготвен да го сруши сопствениот рекорд за Халанд

Челси се подготвени да го срушат сопствениот рекорд за висина на еден трансфер за на „Стемфорд бриџ“ да го донесат норвешкото чудо Ерлинг Халанд од Борусија Дортмунд, тврди „Атлетик“.

Иако Роман Абрамович потроши над 250 милиони фунти во текот на летниот преоден рок со што Френк Лампард ги доби Каи Хаверц, Тимо Вернер, Бен Чилвел, Тијаго Силва и Хаким Зијеш, резултатите не се најдобри, и сега тие се во потрага на врвен напаѓач, каков што несомнено е Халанд.

20-годишниот Халанд постигна 19 гола во 17 меча за Борусија Дортмунд оваа сезона, продолжувајќи ја сенационалната форма од 2019/20, кога стана хит со настапите за Ред бул Салцбург и Челси се подготвени да го срушат рекордот од 80 милиони фунти кој го платија за Хаверц.

Халанд е под договор со бундеслигашот до 2024, но се верува дека има клаузула за раскин на договорот од 66 милиони фунти која се активира на крајот на сезоната 2021/22. Со таа цена, тој несомнено ќе биде мета на повеќе големи европски клубови и Роман Абрамович е подготвен да финансира уште еден трансфер веќе ова лето со понуда која Дортмунд нема да ја одбие.

 

Scroll to Top