Челси се сериозно заинтересирани за младата германска ѕвезда Каи Хаверц. Англиските медиуми тврдат дека лично сопственикот на клубот Роман Абрамович му се јавил на младиот фудбалер за да го убеди да се пресели на „Стенфорд Бриџ“.
Англичаните тврдат дека Абрамович бил подогтовен на Баер Леверкузен да им плати 100 милиони евра за 20 годишниот фудбалер, чии договор со клубот истекува во 2022 година.
Доколку трансферто на Хаверц биде реализиран, Абрамович планира вложените пари да ги врати со продажбите на Нголо Канте и Жоржињо.
Доколку Хаверц го одбере Челси на „Стенфорд Бриџ“ ќе го пречекаат двајца соиграчи од репрезентацијата на Германија. Антонио Ридигер веќе неколку сезони е играч на Челси, а Тимо Вернер по завршувањето на сезоната ќе се пресели во Лондон.