Роман Абрамович добил покана да учествува во мировните преговори помеѓу Русија и Украина. „Ерусалим пост“, објави дека Абрамович до бил повик од украинска страна да биде дел од преговорите помеѓу завојуваните страни.
Абрамович отпатувал во Гомељ, Белорусија, каде започна преговорите. Сепак, до овој момент нема потврда дека рускиот олигарх се наоѓа на преговарачката маса.
„Можам да потврдам дека на Абрамович му се обрати Украина. Тој се обидува да помогне“, рекол портпаролот на Абрамович.
Роман Абрамович има израелско потекло, тој има блиски врски со еврејските заедници во Русија и Украина.
„Украинците се обидоа да најдат некого да им помогне да се најде мирно решение. Роман, го поддржува мирот и се реши да помогне“, рекол Олександер Роднијански, продуцент, добитник на два Оскари и близок пријател на украинскиот претседател, Володимир Зеленски.
Абрамович во саботата поднесе оставка на функцијата во Челси. Раководењето на клубот им го препушти на своите соработници Марина Гарновскаја и Петр Чех.