Газдата на Челси, Роман Абрамович првпат од 2018 година се појави на стадионот на неговиот клуб, „Стемфорд бриџ“, пречекувајќи го израелскиот претседател Исак Херцог на изложба посветена на спортистите кои ги загубија животите во холокаустот.
Рускиот милијардер Абрамович од 2018 година има „проблем“ со добивањето на бизнис-виза во Велика Британија, по што извади и израелски пасош за да не му се случуваат вакви проблеми. Тој сега, финансираше изложба под наслов „49 огна“, на која присуствуваа помалку од 50 луѓе, вклучувајќи го и новоизбраниот израелски претседател Херцог, поранешниот претседател Реувен Ривлин, активистот за човекови права Натан Шрански и советникот за анти-семитизам во британската влада, Џон Мен.
Оваа појава ги зголеми шпекулациите дека Абрамович, конечно, ќе присуствува и на меч на Челси, кои имаат три меча во осум дена, почнувајќи со гостувањето на Јувентус во вторник во Лигата на шампионите.
? Roman Abramovich at Stamford Bridge earlier today, it’s his first visit to the Bridge since 2018, he was with the Israel president Isaac Herzog as part of Chelsea’s Anti – Semitism campaign ? #CFC pic.twitter.com/djYJKcGnXI
— Pys (@CFCPys) November 21, 2021
.@Isaac_Herzog kicks off his official UK visit at @ChelseaFC where he is viewing the club’s exhibition of artwork honouring athletes killed in the Holocaust. The great @SirBenHelfgott and Roman Abramovich also here @BrentlinRola pic.twitter.com/kGzzP86NsP
— Justin Cohen (@CohenJust) November 21, 2021