Top Sport

Адебајор: Нема да донирам ниту едно евро

Емануел Адебајор еден од најдобрите фудбалери во историјата на Того нема на својата земја да и донира ниту едно евра во борбата со коронавирусот.

Адебајор кој во кариерата играл за Арсенал, Манчестер сити, Реал Мадрид, Монако, Тотенхем се наоѓа во главниот град на Того, Ломе.

„Сите вие што ме напаѓате дека не донирам сте во право. Не донирам и нема да донирам. Правам што го сакам, јадам што сакам. Знаме дека има многу луѓе што ќе ме критикуваат, но јас одлучувам што ќе правам со моите пари“.

Адебајор (36) е фудбалер на Олимпија од Парагвај. Тој минал низ пекол додека од Парагвај успеал да стигне до својот дом во Ломе каде што првите две недели ги минал во карантин.

„Зборуваат дека јас го донесов вирусот во Ломе. Тоа е тажно, но оваа земја е таква. Можат да ме споредуваат со Дидие Дрогба, можат да ме споредуваат со Самуел Ето, за жал јас не сум како нив. Јас сум Емануел Адебајор и секогаш ќе го правам она шт јас го сакам“, заклучил искусниот напаѓач.

Scroll to Top