Германскиот репрезентативец Карим Адејеми ќе се пресели од Салцбург во Борусија Дортмунд. Двата клуба постигнаа договор и Адеми треба да потпише петгодишен договор со Дортмунд. Договорот се очекува да биде финализиран до крајот на месецот.
Напаѓачот е третото засилување за Борусија Дортмунд за следната сезона, по дефанзивецот на Баерн Минхен, Никлас Суле и централниот дефанзивец на Фрајбург, Нико Шлотербек.
Според германските медиуми, Борусија Дортмунд за трансферот на Адејеми ќе плати меѓу 30 и 38 милиони евра.