Македонскиот репрезентативец и капитен на Динамо Загреб, Аријан Адеми присуствуваше на отварање на мурал кој навивачите на Динамо му го посветија во квартот Петрушевац во Загреб.
Муралот е дело на хрватскиот уметник Антонио Јурчевиќ и на навивачите од Петрушевац, а на свеченото отварање присуствуваше стотина навивачи и деца за да му се заблагодарат на човекто кој е најтрофејниот фудбалер во историјата на „модрите“, со 19. трофеј со минатогодишната двојна круна.
„Би сакал искрено да се заблагодарам на сите. Ова е огромна чест за секој фудбалер. Пресреќен сум што ми посветија мурал на мене и ќе направиме се титулата и оваа година да остане во Загреб“, изјави Адеми.